217
На Доњецк му се заканува целосен прекин на водоснабдување, предупреди директорот на производствената комуналната компанија „Вода од Донбас“, Генадиј Балицки.
Според него, резервниот резервоар, кој моментално го снабдува Доњецк, станал плиток, во него останала вода за околу еден месец, по што водата во градот може целосно да се исклучи, пренесуваат руските медиуми.
Продолжува блокадата на главниот град на ДПР од западниот правец од формациите на киевскиот режимот. Вооружените сили на Украина сè уште имаат можност да го таргетираат целото подрачје на градските блокови.