Градот Волновака на југоистокот на земјата е целосно уништен од руската инвазија, вели гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.
Тој рече дека од почетокот на инвазијата, мнозинството од населението на Волновака побегнало, а голем дел од инфраструктурата е уништена, што значи дека градот всушност повеќе не постои.
– Генерално, Волновака со својата инфраструктура веќе не постои, рече тој за украинскиот ТВ канал Директ.
Но, тој рече дека таму се уште се водат борби за да се спречи руската опсада на стратешки важна територија.