Борел: ЕУ остро го осудува киднапирањето на украинските градоначалници

од Маја Анчевска
198 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на Твитер напиша дека Европската Унија најостро го осудува киднапирањето на градоначалниците на Мелитопол и Днепорудна од страна на руските вооружени сили.

Да потсетиме, Русите во петокот го киднапираа градоначалникот на Мелитопол, а денеска се појави информација дека бил киднапиран и градоначалникот на Днепорудна, што го потврди и министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба.

–  ЕУ најостро го осудува киднапирањето на градоначалниците на Мелитопол и Днепорудна од страна на руските вооружени сили.Ова е уште еден напад врз демократските институции во Украина и обид да се воспостават нелегитимни алтернативни владини структури во суверена земја, напиша Борел.

 

 

Слични содржини