Вашингтон пост: Русија побарала воена помош од Кина

од Milan1
182 прегледи

Русија побарала од Кина воена опрема, пишуваат американските медиуми „Фајненшл тајмс“ и „Вашингтон пост“, кои се повикуваат на неименувани американски функционери.

Не е прецизирано какво оружје барала Русија или како Кина одговорила на тоа, пренесува Ројтерс.

Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да ги коментира наводите.