Шпанските власти привремено ја запленија јахтата на рускиот олигарх Сергеј Чемезов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Чемезов е поранешен офицер на КГБ кој раководи со државниот конгломерат Ростек.
Суперјахтата Валери, долга 85 метри и вредна 140 милиони долари e запленета во Барселона. Бродот пловеше под знамето на Свети Винсент и Гренадини. Бродот е регистриран на поќерката на Чемезов, Анастасија Игнатова, преку компанија од Британските Девствени Острови.
Чемезов беше санкциониран од САД во 2014 година и од Велика Британија во 2020 година поради руската анексија на Крим. Американските санкции беа насочени и кон поќерката на Чемезов, како и неговата сопруга и син. Западните земји воведоа санкции за руските милијардери, ги замрзна државните средства и отсече голем дел од рускиот корпоративен сектор од глобалната економија по руската инвазија врз Украина на 24 февруари.