Ова не е војна меѓу Русија и Украина, ова не е војна меѓу Русија, Европа и Америка, туку глобален и можеби последен обид на западната цивилизација да го нападне рускиот свет, изјави рускиот режисер и актер Никита Михалков за актуелниот конфликт во Украина.
„Целта е да се одвои Русија од Европа и целосно да се пренасочат нејзините економски врски кон Америка. Доколку Русија и Германија соработуваат, тие би биле витална закана за Америка. Тие ја обвинуваат Русија за загрозување на безбедноста, додека НАТО е тој што се приближува до руската граница. Што да се каже кога “Олаф Шолц, најмоќниот човек во Европа, го нарекува геноцидот во Донбас од Украина смешен. И тоа го вели еден Германец, човек чија земја беше ослободена од сè што и направи на Русија кога беа убиени милиони луѓе, застрелани и запалени“, изјави Михалков во својата специјална емисија посветена на настаните во Украина, пренесува порталот „Нова.рс“.
Тој потсети и на зборовите на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, кој, како што цитираше, рекол: „Руси, погледнете не и запомнете дека истото ќе ви го направат кога ќе покажете слабост. Браќа, сетете се на судбината на Југославија и не дозволувајте да ви се случи да го сторите истото“.