Италијанската мафија може да ја искористи војната во Украина

од Milan1
251 прегледи

Италијанските мафијашки групи би можеле да ја искористат ситуацијата во Украина за да добијат одредени придобивки, предупреди денеска Федерико Кафиеро де Рахо, главниот обвинител за борба против мафијата.

„Секогаш кога има вонредна ситуација, мафиите се обидуваат да искористат канали преку кои можат да навлезат и да успеат. Таквата шема „се повторува и постојано се открива во судската историја”, додаде италијанскиот обвинител.

Тој смета дека во сегашната ситуација криминалните групи директно ќе имаат корист од текот на конфликтот и „проблемите на пазарот, за да добијат предност, од една страна, над стоките, а од друга, над оружјето”. Според него, станува збор за можно засилување на шпекулативната активност на пазарот, како и за ризиците од нелегално набавување оружје.

Слични содржини