220
Шефот на фракцијата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Манфред Вебер е за доделување кандидатски статус за Украина.
„Ако некој денес се бори за европските вредности, тоа се Украинците. Затоа сум решен Украина да добие статус на кандидат за влез во ЕУ“, истакна Вебер за германскиот јавен сервис ЗДФ.
Според него, тоа би бил важен политички сигнал и многу поважен од аплаузот или доделувањето на какви било награди.