Украина: Изгаснати пожари во реонот на нуклеарната централа Чернобил

од Milan1
235 прегледи

Украинскиот министер за природни ресурси денеска изјави дека пожарите се изгаснати во областа на нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските сили.

Претходно, украинските власти ги обвинија руските сили дека намерно го подметнале пожарот или го предизвикале со артилериско гранатирање, пренесува агенцијата АП.

Украинскиот министер Руслан Стрелец изјави дека нивоата на радијација во таа област се во рамките на нормите.