Што не учи историјата за периодот на ВИСОКИ КАМАТНИ СТАПКИ?

од Milan1
214 прегледи

Банката на федерални резерви (ФЕД) започна циклус на зголемување на каматните стапки минатата недела, а исто така се подготвува да го намали својот биланс, кој порасна на речиси 9 трилиони долари.

Во овој момент се чини дека ќе ја покачи каматата на секоја од преостанатите шест седници годинава, бидејќи инфлацијата излезе од контрола. Гувернерот Џером Пауел во понеделникот повтори дека инфлацијата се заканува со инаку силно закрепнување.

„Пазарот на трудот е многу силен, а инфлацијата е превисока“, рече Пауел, додавајќи дека ФЕД на следниот состанок (3-4 мај) би можел да ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени. Пазарите веќе очекуваат вакво сценарио со повеќе од 50 проценти веројатност, пишува See Biz.

„Треба да преземеме соодветни мерки за повторно да обезбедиме стабилност на цените“, рече Пауел, кој сака да види меко приземјување за економијата.

Што вели историјата?

Од 1970 година, има 16 циклуси на монетарно затегнување во САД, Велика Британија и Европа. Тринаесет ги доведоа во рецесија, велат од „Капитал Економис“.

Причините зошто повисоките каматни стапки предизвикаа рецесија се неколку. Во некои случаи, централните банки реагираа премногу доцна на високата инфлација, а потоа неуспешно се обидоа да ја скротат со агресивно зголемување на каматните стапки. Тоа е најголемиот ризик во сегашната ситуација и затоа централните банки во моментов имаат голема одговорност. Од една страна не смеат да дозволат висока инфлација, а од друга страна не смеат да предизвикуваат рецесии со непромислени постапки.

Познатиот инвеститор Карл Ајкан во изјава за CNBC рече дека период на понизок економски раст веројатно е неминовен: „Негативно сум расположен. Веројатно се соочуваме со рецесија или нешто полошо“, рече Ајкан.

Според него, најголема опасност е порастот на инфлацијата, која во последните 40 години во САД достигна неславен рекорд од 7,9 отсто. Руско-украинската војна само ја влошува неизвесноста.

Ајкан се сомнева дека ФЕД ќе успее да ја доведе американската економија до меко приземјување.

„Прашањето е дали навистина ќе видиме меко „слетување“. Јас попрво би го кажал спротивното. Инфлацијата може да биде страшна кога работите ќе тргнат наопаку“.

Слични содржини