238
Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа оцени дека „тоа би било еднострана одлука и јасно прекршување на договорот”, коментирајќи го барањето на Русија нејзините енергенти да се плаќаат во рубљи.
– Тоа би било обид да се заобиколат санкциите. Нема да дозволиме да се избегнат нашите санкции. Заврши времето кога енергијата можеше да се искористи за да не уценуваат, нагласи Фон дер Лајен. гт/