Корисниците на Instagram конечно добиваат поголема контрола врз содржината што ја гледаат
Корисниците на популарната социјална мрежа имаат на што да се радуваат, бидејќи Instagram најави дека додава две нови опции за прикажување содржини во фидот, меѓу кои за многумина никогаш не прежалениот „хронолошки приказ“.
Според соопштението на компанијата, станува збор за опциите Following и Favorites кои, како што велат, се направени со цел на корисниците да им дадат поголема контрола врз содржината што ја гледаат секојдневно.
Следењето, односно хронолошкиот начин на прикажување, му овозможува на корисникот прво да ги види најновите објави на сметката што ја следи, по редоследот по кој всушност се објавени. Од друга страна, со приказот Favorites, на корисниците ќе им биде полесно да ги гледаат објавите од нивните омилени сметки.
За да има целосна смисла Favorites фидот, корисникот мора прво да ги означи сметките чија содржина ја претпочита, односно оние што му се омилени. Тогаш, според тоа, нивните објави ќе бидат првите што ќе се појават на почетната страница на Instagram.
„Вашата листа на омилени сметки е приватна и нема да биде видлива за никој друг“, изјави портпаролката на Instagram, Сеин Ким за „The Verge“.
Меѓутоа, бидејќи за хронолошкиот или „омилен“ приказ на фидот секогаш се бара кликнување на логото на Instagram во горниот лев агол на апликацијата, корисникот на крајот секогаш ќе се враќа на алгоритамскиот.