Војната меѓу Русија и Украина, кои се извозници на челични производи, ќе има огромно влијание врз глобалната побарувачка и трговијата со челик доколку продолжи долго време. Ова го предвиде шефот на јапонската групација за челик, цитиран од Ројтерс.
„Уште пред кризата во Украина, се соочивме со три фактори на ризик за намалување на побарувачката за челик – забавување во Кина, глобален недостиг на чипови и зголемување на цените на енергијата“, рече Еиџи Хашимото, претседател на Јапонската федерација за железо и челик.
„Ризиците се зголемени поради конфликтот меѓу Русија и Украина. Ќе видиме огромно влијание врз глобалната побарувачка за челик ако тоа продолжи долго време“, рече тој, нагласувајќи го силното присуство на пазарот на челик на Русија и Украина.
Цената на челичните одлеаноци се искачи на 900 долари за тон, а цената на податливото железо порасна од околу 900 на 1.150 долари за тон, пишува Daily Sabah.