Меѓународна агенција за атомска енергија: Безбедноста во Запорожје е црвена светилка која трепка

од Маја Анчевска
213 прегледи

Рафаел Гроси изјави дека МААЕ побарала пристап до централата во Запорожје на југот на Украина за нејзините инспектори, меѓу другото, да можат повторно да воспостават врски со седиштето на агенцијата на ОН во Виена, а за тоа е  потребна помош и Украина и на Русија, според АП.

Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), рече дека нивото на безбедност на најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, која моментално е под руска окупација во Украина, е „црвена светилка која трепка“ и дека агенцијата на ОН уште немаше добиено дозвола ипристап до тој објект.

Во интервју за Асошиетед прес, Гроси го привлече вниманието на нуклеарната централа Запорожје, еден ден по 36-годишнината од катастрофата во Чернобил во 1986 година.