203
Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, преку порака на Твитер објави дека синоќа имал „долг, тежок, но фер разговор“ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. и ги повика „сите на воздржаност“.
„Сметам на одговорното однесување на сите да покажат воздржаност заради безбедност и стабилност. Насилството мора да се избегне“, напиша Лајчак утрово на Твитер. „Се согласивме дека сите договори во дијалогот мора да бидат поддржани и целосно имплементирани“, додаде тој.
Вучиќ синоќа во Белград се сретна со Лајчак во време кога се зголемија тензиите меѓу Белград и Приштина поради несогласувањата околу пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички на Косово, потсетува Бета.