Русија забрани влез на двесте Американци, меѓу нив и браќата и сестрата на Бајден

од Destan Jonuzi
116 прегледи

Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Руската Федерација, меѓу кои двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер. Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.

„Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден”, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На листата се Џејмс Брајан Бајден и Френсис Вилијам Бајден, двајцата браќа на американскиот претседател, како и неговата сестра Валери Овенс.

Исто така, на списокот е и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој силно ја критикуваше руската офанзива во Украина, како и разни политички личности и членови на американската администрација.