129
Денес во еднодневна работна посета на Минск ќе замине рускиот претседател Владимир Путин, каде ќе разговара со својот белоруски колега Александар Лукашенко.
Двајцата лидери се во редовен контакт, но во последните три години сите нивни билатерални преговори се одвиваа во Русија. Претседателите комуницираа и на самити во други земји.
Ова е прва посета на Путин на Белорусија од јуни 2019 година.
Како што соопшти прес-службата на Кремљ, планирано е да се разговара за клучните прашања за понатамошниот развој на руско-белоруските односи на стратешко партнерство и сојуз со акцент на интеграциската интеракција во рамките на Федералната држава, како и за итни прашања на меѓународната и регионална агенда – јави ТАСС.