159
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Д.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје.