Кремљ не очекува да има позитивни промени по денешната најавена посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Накратко, не“, одговори Песков на прашањето дали очекува позитивна промена, пренесе ТАШ.
Песков изјави дека испораките на американско оружје за Украина продолжуваат и се зголемуваат, а според него, тоа само ќе придонесе за дополнителна ескалација на конфликтот, што „не е во интерес на иднината на Украина“.