119
Самитот ЕУ-Украина ќе се одржи во Киев на 3 февруари, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во соопштението се наведува дека за време на самитот ќе се разговара за европската финансиска и воена помош за Украина.
Од кабинетот посочуваат дека Зеленски во првиот официјален телефонски разговор годинава разменил детали за средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе „Франс 24“.
Зеленски и фон дер Лајен разговараа за испорака на „соодветно“ оружје и започнување на нова програма за помош од 18 милијарди евра за Украина, која беше одобрена од Европскиот парламент минатиот месец.