Дмитриј Песков: Бајден го има клучот за ставање крај на конфликтот во Украина

од Radmila Tasevska
117 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден го има клучот за ставање крај на украинскиот конфликт, но тој не го користи, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков верува дека САД би можеле брзо да го прекинат конфликтот доколку сакаат, но наместо тоа тие вбризгаат оружје во Украина, пренесува Ројтерс.

Во исто време, рускиот претседател Владимир Путин оцени дека злосторствата што, како што наведе, неонацистите ги вршат врз цивилите во Украина, укажуваат дека лекциите од историјата се заборавени, додавајќи дека тоа води до повторување на страшни трагедии.

Слични содржини