Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со данската премиерка Мете Фредериксен за време на посетата на јужниот украински град Миколаев.
Во видеото објавено на социјалните мрежи од канцеларијата на Зеленски, украинскиот претседател се ракува со Фредериксен на улица покриена со снег пред да влезе во болница каде што ги посетија војниците ранети за време на конфликтот со Русија, објави Ројтерс.
„Важно е нашите војници да добијат не само физичка, туку и психолошка рехабилитација“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм.