Столтенберг: НАТО продолжува да го зајакнува партнерството со Јапонија

од Radmila Tasevska
134 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес за време на неговата посета на Јапонија изјави дека Алијансата ќе продолжи да го зајакнува партнерството со Јапонија во услови на војна во Украина.

„Војната во Украина е важна за сите нас и затоа сме исто така многу благодарни за поддршката што ја дава Јапонија“, рече Столтенберг во краткото обраќање по прегледот на јапонските одбранбени сили во воздухопловната база Ирума, пренесува Ројтерс.

Тој ќе се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Турнејата на Столтенберг, за време на која тој ја посети и Јужна Кореја, има за цел да ги зајакне врските со западните сојузници во Азија соочени со војната во Украина и растечките тензии со Кина.

Тој вчера во Сеул ја повика Јужна Кореја да ја зголеми воената поддршка за Украина, која поради политиката да не испраќа оружје во земјите во конфликт, досега не испратила оружје во Киев.

Слични содржини