Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема наскоро да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, пренесе АП.
Веста за пријавата прв ја објави Фајненшл тајмс, цитирајќи го адвокатот за имиграција на Болсонаро, Фелипе Алесандро.
Откако АП стапи во контакт со неговата адвокатска канцеларија, веста беше потврдена.