Најмалку две лица загинаа, 50 се затрупани во несреќа на рудник во Кина

од Radmila Tasevska
138 прегледи

Најмалку две лица загинаа денес, а повеќе од 50 останаа заробени во силен колапс во рудник за јаглен во автономната област Внатрешна Монголија во северна Кина, јавија државните медиуми.

Кинескиот претседател, Си Џинпинг нареди спасувачка операција, додека премиерот, Ли Кечанг побара брза истрага за причините за несреќата.

Уривањето се случило во отворениот коп на рудникот во сопственост на компанијата за ископување јаглен Синџинг, јавува Ројтерс.

Слични содржини