Кина: Голема количина на дезинформации во врска со разговорите за беспилотни летала со Москва

од Radmila Tasevska
118 прегледи

Кинеското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека не е запознаено со извештаите за преговори меѓу Русија и кинеска компанија за набавка на беспилотни летала.

„Постои голема количина на дезинформации за ова прашање. Треба да внимаваме кој стои зад сето тоа“, рече портпаролот на министерството, Ванг Венбин на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Германскиот магазин „Шпигел“ во четвртокот, без да наведе извори, објави дека Русија е во преговори со кинески производител за купување на 100 дронови, кои би биле испорачани во април.

Слични содржини