Кина е главен снабдувач на критички важни делови за руските беспилотни летала користени против Украина, соопшти Меѓународната работна група за санкциите против Русија.
Копретседатели на оваа група се поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Мекфол, кој го предводи Институтот за меѓународни студии Фриман-Спогли, и Андреј Јермак, шеф на кабинетот на претседаелот на Украина.
Според истражувањето, 67 отсто од снабдените делови за беспилотници доаѓаат од Кина, 17 отсто доаѓаат од Хонгконг, додека уделите на Турција и ОАЕ за вакво снабдување се 5 и 2 отсто,соодветно.
Русија главно се потпира на увоз на делови од странство, претежно за такви како микроелектроника за три модели на беспилотници користеми за напади на територијата на Украина. Тоа се процесори, микро-шеми, транзистори и други важни делови.
Во беспилотните летала соборени од украинската противвоздушна одбрана исто така биле откриени делови произведени во Јапонија, Јужна Кореја, Швајцарија и други земји.
Експертите од меѓународната група ги повикаа произведувачите да преземат дополнителни мерки за затворање на пристапот на Русија до нивната продукција со избегнување на санкциите. Групата исто така им препорача на владите да спроведат истраги за компаниите за кои е извесно дека не ги почитуваат санкциите.