Русија ноќеска лансирала 24 дрона, украинската ПВО соборила 11

од Radmila Tasevska
205 прегледи

Во текот на ноќта Русија изврши нов масовен напад со беспилотни летала врз јужните и централните региони на Украина.

Во нападот врз Криви Рог е оштетена трафостаница, поради што без струја се домаќинствата и индустриските потрошувачи во градот. Во моментов, наведува Униан, околу 40.000 потрошувачи се без струја.

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека руските сили ја нападнале Украина во текот на ноќта со 24 нападни дронови „Шахед-136/131“, а украинската ПВО уништила 11 летала.

Најмалку седум руски нападни дронови ги промашиле своите зададени цели, се додава во соопштението на украинските водухопловни сили, пренесе Укринформ.

Украинската армија додава дека на терен се уште се утврдуваат последиците од последниот ноќен руски напад со беспилотни летала.