Утре во Тирана ќе се одржи самит Западен Балкан-ЕУ

од Radmila Tasevska
412 прегледи

По денешниот самит за Украина, Тирана утре ќе биде домаќин на уште еден важен настан, самитот Западен Балкан – Европската унија.

– Регионалниот самит е посветен на планот за раст и конвергенција со фокус на интеграцијата на Западен Балкан кон Европската унија, како и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан. Овој самит ќе обезбеди и нови можности за размена на мислења за европската иднина на регионот и за заедничките регионални предизвици, јавија албанските медиуми.

Во фокусот ќе биде пакетот средства од шест милијарди евра што Европската унија ќе ги подели во форма на помош, заеми и грантови за одредени проекти, за шесте земји од регионот.

За разлика од денешниот самит на кој Косово го претставуваше претседателката Вјоса Османи, ниту еден од лидерите на официјална Приштина нема да дојде во Тирана на утрешната средба.

– Иако се шпекулираше дека ќе има дуел меѓу Александер Вучиќ и Албин Курти, а можеби и средба со посредство на премиерот Еди Рама, името на шефот на косовската влада го нема на списокот на учесници што го објави кабинетот на премиерот. Друго отсуство е она на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бидејќи Брисел изгледа избра да биде застапуван од комесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој веќе е во Тирана, наведуваат медиумите.

Тие посебно го нагласуваат фактот дека Талат Џафери за првпат како премиер на Северна Македонија ќе биде дел од важен самит.

Потврдено е и присуството на Александар Вучиќ, претседател на Србија, Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора, Борјана Кристо, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и други претставници на организации меѓу кои и Мајлинда Брегу,  генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Слични содржини