Надбискупот од Кентербери: Новата британската дефиниција за екстремизам ќе предизвика поделби

Велби и Котрел предупредија дека тоа може да заврши со „етикетирање на повеќестраниот проблем како екстремизам од омраза“ и дека може „да оцрни погрешни луѓе“ и да ја загрози и слободата на говорот и правото на мирни протести.

од Бети Божиноска
220 прегледи

Надбискупот од Кентербери и поглавар на Англиканската црква, Џастин Велби, предупреди денеска дека постои ризик новата дефиниција за екстремизмот што треба да ја промовира владата на Обединетото Кралство да поттикне поделби, пренесува „Франс24“.

Велби изјави за Радио Би-би-си дека протекувањето и медиумските извешати за новата дефиниција сугерираат оти „постои опасност да се продлабочи центарот… и да ги доведе луѓето до една или друга крајност“, што тој го оцени како „многу, многу опасно“.

Велби и неговиот де факто заменик во Англиската црква, надбискупот од Јорк, Стивен Котрел, посочија во заедничката изјава дека новата дефиниција „ризикува несразмерно да ги таргетира муслиманските заедници, кои веќе се соочуваат со зголемено ниво на омраза и злоупотреба“.

Велби и Котрел предупредија дека тоа може да заврши со „етикетирање на повеќестраниот проблем како екстремизам од омраза“ и дека може „да оцрни погрешни луѓе“ и да ја загрози и слободата на говорот и правото на мирни протести.

„Се придружуваме на повиците до владата да го преиспита својот пристап“, истакнаа тие

Се очекува британскиот министер Мајкл Гов да ја обелодени новата официјална дефиниција подоцна неделава по предупредувањето од премиерот Риши Сунак претходно овој месец за „шокантното зголемување на екстремистичките нереди и на криминалот“.

Коментарите на Сунак излегоа по редовните пропалестински протести во Лондон, на кои имаше апсења за антисемитизам, и изолираните инциденти со насилство.

Велби ја критикуваше владата и поради нејзиниот план да врати азиланти од Велика Британија во Руанда.

Слични содржини