„ВацАп“ воведе голема промена: Кажете им „збогум“ на скриншотовите

од Симе Стоиков
253 прегледи

Една од најпопуларните светски апликации, „ВацАп“ ја подобри приватноста на корисниците.

Ако се обидете да направите скриншот од нечија профилна слика, нема да успеете – поради новите ограничувања што ги воведе „ВацАп“. Ова е забрането, а ќе добиете само црна слика на екранот.

Лицето чија слика од профилот сакавте да ја снимите од екранот нема да добие известување за тоа, но нема да го добиете ниту посакуваниот резултат.

За оваа функција се пишуваше и порано, но во тоа време таа сè уште беше во развој. Сега на сите дефинитивно им е забрането да прават слики од екранот на профилните слики.

Најверојатно Мета (која стои зад „ВацАп“) сака на овој начин да се бори против злоупотребата на туѓите фотографии. Не е лошо да се забележи дека конкурентите, како што се Телеграм или Сигнал, сè уште го немаат ова ограничување.

Доколку сакате, можете дополнително да ја зголемите приватноста, односно да контролирате кој може да ја види вашата профилна слика на апликацијата. Ако сакате да ја одберета таа опција, треба да отворите: Поставки > Приватност > Фотографија на профил и потоа да поставите што сакате.

Слични содржини