Во средата наутро вистинска драма се одвивала на брегот на реката во германскиот град Либек, кога во последен момент од реката биле спасени бебе и баба.
Баба (66) туркала количка со внукот (1) во средата наутро покрај брегот на реката кога се случил инцидентот.
До количката било врзано и кучето на жената, мала мешана раса. Во еден момент кучето се ослободило и почнало да ја влече количката кон водата, која го поминала насипот и паднала во водата.
Бабата веднаш скокнала во водата и успеала да го извади внукот од количката пред таа да заврши под вода, пишува Билд.
Случаен минувач ја видел драмата и веднаш повикал помош. После тоа истрчал кај бабата и внукот и им помогнал да излезат од водата.
Полицијата и противпожарната единица биле во близина и брзо пристигнале на местото на инцидентот.
Бабата и нејзиниот внук се спасени, мокри, но неповредени. Едногодишното момче превентивно било пренесено во болница.