308
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се зголемуваат заканите од тероризам и агресија во регионот, што ја прави евроатлантската интеграција на Косово исклучително важна, пренесува „Коха“.
Според него, интеграцијата на Косово е важна за мирот на Западен Балкан.
„Во време кога заканите од тероризам и агресија во регионот се зголемуваат, интеграцијата на Косово во евроатлантските институции е поважна од кога било досега за мирот, безбедноста и човековите права на Западен Балкан“, рече Курти.
Потсетувајќи се на немирите од март 2004 година, Курти денеска на „Фејсбук“ напиша дека настаните од тој период потсетуваат дека мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово и дека треба да се одржуваат.