Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој учествува во предизборната кампања и покрај забраната на Уставниот суд, објави видео во кое им се нафрли на премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, странските трговски синџири и на банките, пренесува „Политика“.
Милановиќ тврди дека во Хрватска владеат инфлацијата на алчност и финансиските изнудувања на хрватскиот народ, а Пленковиќ не прави ништо за да му се спротивстави на тоа.
„Имаме инфлација на алчноста во Хрватска! Тоа е стратешки хрватски проблем на кој владата во Хрватска мора да му се посвети. Пленковиќ не стори ништо да му стаи крај на тоа зашто така ќе требаше да им се замери малку на странските трговски синџири и банки, не многу – малку. Но, како што без збор кима со главата во Брисел, така кима со главата пред банките“, рече Милановиќ и рече:
„На ова мора да му се стави крај, државата има инструменти со кои може да ја заузда инфлацијата на алчноста и финансиските изнудувања на хрватскиот народ. Ако не го сториме тоа, се плашам да замислам како би изгледала Хрватска по 12 години владеење на Пленковиќ и на ХДЗ“.