288
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството соопшти дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земја и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана, земја опкружена со Јужна Африка, до Морија, град во Лимпопо.
Како што се наведува спасувачките операции траеја денеска до доцна.
Некои тела изгореа до непрепознатливост, а некои патници останаа заробени во остатоците од автобусот, соопштија транспортните власти во Лимпопо.