Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина може повторно да стане цел на руските копнени сили.
„Киев беше и останува цел на Путин, бидејќи главниот град е срцето на земјата. Но, сега сме многу подобро подготвени за тоа отколку пред две години. Ако Путин ја донесе таа одлука, тоа ќе биде крвава одлука“, изјави Кличко за Билд.
Кличко интервјуто го даде пред уништената станбена зграда која пред неколку дена беше погодена од руски проектил.
Во таа прилика тој го повика Западот да ја зајакне својата поддршка за Украина:
„Итно ни треба повеќе противвоздушна одбрана, повеќе противвоздушни ракети“, рече тој.
Тој одговори и на коментарите на некои западни политичари за преговорите или т.н „замрзнување на војната“, велејќи:
„Тоа е погрешен став, наместо тоа ни треба поголема поддршка. Нема да и дадеме никаква територија на Русија. Нема компромис за тоа“, додаде тој.