ФСБ, заедно со царинските службеници, спречиле во Русија да влезе пратка со експлозиви од странско производство кои биле сокриени во православните икони и други црковни материјали
Товарот се движел по релација: Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Латвија – Русија.
– Блокиран е прекуграничниот шверцерски канал за внесување експлозиви во земјата од Украина, преку земјите на Европската унија – соопшти разузнавачката служба.
Експлозивот во иконите е откриен при претрес на возила на меѓународниот премин Убилинка во регионот Псков, на летонско-рускиот дел од границата. Осомничениот веќе е приведен, ФСБ го истражува случајот со нелегално пренесување експлозиви и експлозивни направи преку граница.
Пронајдени се вкупно 27 импровизирани експлозивни направи, камуфлирани во икони и подготвени за употреба, како и 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност. Запленети се и 91 електричен детонатор.