Бугaрката останува на чело на ММФ

од Симе Стоиков
212 прегледи

Сегашниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за оваа функција со петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор.

70-годишната бугарска економистка е на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана. Сегашниот мандат на Георгиева истекува на крајот на годинава.

Водечката позиција во ММФ традиционално им припаѓа на Европејците, а онаа во Светска банка на Американците.

Георгиева е втората жена на чело на ММФ, по нејзината претходничка Кристин Лагард, која во меѓувреме ја презеде функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ).

ММФ и Светска банка се основани на крајот на Втората светска војна, потсетува агенцијата ДПА.

Слични содржини