Русија со остра реакција за приемот на Приштина во Советот на Европа: „Ова е газење на клучната одредба“

од Сенада Ибраимова
168 прегледи

„Со ова Приштина направи уште еден, но не и последен чекор кон членство во Советот на Европа. Упорниот напор Косово да стане членка на Советот на Европа е уште еден доказ за деградацијата на Советот“, соопшти руското Министерство за РИА Новости.

Тие истакнаа дека „авторите на оваа иницијатива лесно ја прегазиле клучната одредба од повелбата на Советот, бидејќи таа е создадена „со цел да се зајакне единството на европските народи“.

„Ова е ‘поредок заснован на правилата’ на дело“, се заклучува во соопштението.

Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (PSSE) неодамна ја прифати препораката дека Косово ќе добие покана да стане членка на Советот на Европа.

Во согласност со важечките прописи, овој документ ќе се дискутира на пленарната седница на PSSE.

Слични содржини