Комисијата за прифаќање на Палестина за полноправна членка на светската организација на Обединетите Нации, не постигнала консензус, пренесува Ал Џезира.
Комитетот повторно ќе се состане во четврток попладне за да продолжи дискусијата на оваа тема.
Овој комитет треба да го прифати барањето од палестинската управа и да го испрати до Советот за безбедност, кој потоа треба да ја даде својата препорака дали палестинското барање може да биде проследено до Генералното собрание, каде што две третини од гласовите од вкупно 193 членки, потребно е Палестина, која сега е целосен набљудувач, да стане полноправна членка на ОН.
Претседавачот на Советот за безбедност на Обединетите нации, амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзер, претходно во понеделникот го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на светската организација до надлежниот комитет за прием на нови членки.
Малта претседава со Советот за безбедност на ОН во текот на април.
– Искрено се надеваме дека по 12 години стекнување статус на држава набљудувач, во Советот за безбедност ќе се постигне консензус за решение за две држави со прием на Палестина во полноправно членство во ОН – изјави палестинскиот претставник во ОН Ријад Мансур за новинарите.
Медиумите наведуваат дека барањето на палестинската самоуправа е „преместено од мртва точка“ и дека ова е „значаен и симболичен момент за Палестина“.