Русија по скоро 2 години го освои Первомајско: Украинците се повлекуваат, не можат да ги бранат своите позиции

од Симе Стоиков
371 прегледи

Селото Первомајско во правец на Доњецк сега е под целосна контрола на руските сили. Единиците на 9-та бригада во вторникот го кренаа руското знаме на западната периферија на селото.

Извидувачки дрон го сними крајот на битката. На видеото се гледа село во целосни урнатини над кое се издига густ чад. Веста ја потврди и Украина.

– Непријателот успеа да ја пробие одбраната на 59-от стрелачки баталјон и целосно да го врати Первомајско. Борбите всушност започнаа во август 2022 година. Селото стана едно од жешките точки во војната и за тоа беше платена висока цена. Штета што нашите бранители платија прилично скапа цена, особено момците од познатата 59-та одделна моторизирана бригада, кои храбро се бореа и се обидоа да го одбранат Первомајско – вели украинскиот воен канал DeepState.

Первомајско се наоѓа на десет километри југозападно од Авдијивка и пред војната имало околу 2.000 жители Според некои воени блогери, украинските сили се повлекле во соседната населба Нетајлово, каде се наоѓа последната одбранбена линија пред Карловка.

– Патот до Нетајлово сега е отворен за вооружените сили на Русија. Таа населба е јужниот јазол на одбраната на непријателот на триаголникот Орловка-Уманское-Нетајлово – според рускиот воен блогер Рибар. Русите во правец Доњецк имаа успех и кај Красногоровка.

Слични содржини