Францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви, денеска беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, каде му беше укажано дека изјавите на францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн за незаинтересираноста на Париз за дијалог со руското раководство се неприфатливо.
„На 12 април, ополномоштениот амбасадор на Франција во Руската Федерација, Леви, беше поканет во Министерството за надворешни работи на Русија“, се вели во пораката на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, пренесе РИА Новости.
Се напоменува дека во контекст на изјавата на Стефан Сежур „за незаинтересираноста на француската страна за разговори со руски претставници, бидејќи изјавите што ги објавуваат наводно содржат лажни информации“, на францускиот амбасадор му било кажано дека таквите изјави се неприфатливи и немаат никаква врска со реалноста.
„Овие изјави на шефот на француското Министерство за надворешни работи ги сметаме за свесна и намерна акција на француската страна, која има за цел да ја поткопа самата можност за каков било дијалог меѓу двете земји“, соопшти руското МНР.