Неконтролираното присуство на западно оружје на територијата на Украина ќе доведе до катастрофални последици за Европа. Никој не знае каде е и во колкави количини е оружјето, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа никој не знае каде и кому режимот во Киев го доставува ова оружје, бидејќи очигледно веќе се појавува во различни делови на светот, вклучително и во Западна Европа.
Таа исто така изјавила дека доколку Украина нападни цели во Русија со британско оружје, Москва има право да нападне воени објекти во Велика Британија.
„Во случај Киев да изврши напади со британско оружје на територијата на Русија, Москва има право да ги нападне британските објекти во Украина и надвор од нејзините граници“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.