Вчера во близина на островот Цеја во заливот Медулин биле забележани седум сребрени пругасти риби – „надувувачи или пуферки“ (Lagocephalus sceleratus), а една била уловена на длабочина од 19 метри и однесена во Центарот за истражување на морето во Ровињ, објавија на Фејсбук страницата „Аквариум Пула“. Рибата ја уловил и фотографирал словенечкиот рибар Антон Видовиќ.
Како што наведуваат на страницата, сребрената риба содржи исклучително силен отров, тетродотоксин, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми и смрт ако се консумира. Тетродотоксинот е најмногу концентриран во црниот дроб на рибата, но го има и на кожата. Се верува дека доза од 1 до 2 mg е фатална. За луѓето, тетродотоксинот е смртоносен, до 1200 пати поотровен од цијанидот. Во една единка има доволно отров да убие 30 возрасни лица, а не постои познат противотров
„Овој вид има инвазивен карактер и е вклучен во т.н. лесепсијски мигранти кои од Црвеното морен низ Суецкиот канал доаѓаат во Средоземјето. Изворно живеат во тропските предели на Индијскиот и Тихиот океан. Поради тоа штосе грабливки и немаат природни „непријатели“, оваа риба негативно влијае на биолошката разновидност и претставува закана за риболовот, бидејќи ги оштетуваат рибарските мрежи за да дојдат до уловот“, Аквариум Пула.
Овие риби припаѓаат на семејството на отровни риби од видот „Tetraodontiformes“, по што целиот ред го добил името. Биолозите веруваат дека надувувачите ја развиле својата позната „подуеност“ затоа што нивниот бавен, донекаде несмасен стил на пливање ги прави лесен плен за предаторите, пишува „Морски.хр“.
Наместо да бега, оваа риба го користи своето еластично тело и способност брзо да внесува огромни количества вода (па дури и воздух кога е потребно) за да се претвори во топка неколку пати поголема од нивната нормална големина.