152
Во Франција е во тек голема операција за потрага по напаѓачите кои ослободија затвореник и убиле двајца чувари, а раниле уште тројца. Нападот бил извршен при транспорт на затвореник до местото на издржување на казната.
Маскирани мажи го удираа своето возило во предниот дел на затворското комбе на патарина во северниот француски департман Јор во Нормандија. Напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје и побегнале со затвореникот.
Станува збор за 30-годишниот Мохамед Амра, познат по прекарот „Мува“ осуден на 18 месеци затвор за тешка кражба. За него се води истрага и во Марсеј за убиството.