536
Косовската Влада објави дека времетраењето на пописот ќе биде продолжено за седум дена, до 24-ти мај. Ова се случува по барање на повеќе локални самоуправи каде што пописот не беше завршен навреме.
Пописот, кој започна на 5-ти април и требаше да заврши на денес (17 мај), ќе продолжи да се спроведува од страна на вработените во Агенцијата за статистика на Косово.
Сите интервјуа и попишувања ќе продолжат на територијата на Косово за лица и семејства кои претходно не биле попишани. Исто така, пописот на косовската дијаспора преку порталот „еДијаспора“ е продолжен до крајот на август. Оваа одлука беше донесена на електронска седница на владиниот кабинет.