НАПАЃАЧОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА ИМАЛ СОУЧЕСНИК? Пресвтрт во истрагата за атентаторот

од Илинка Илиоска
598 прегледи

Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток денеска изјави дека и словачките власти ја разгледуваат можноста атентатот на премиерот Роберт Фиц да не го извршил „волк-самотник“, пренесе Танјуг.

Според него, врз основа на оперативни информации се разгледува можноста зад делото кои го изврши Јурај Цинтула да стои група луѓе.

„Два часа по извршувањето на злосторството, историјата на Фејсбук и комуникациите на сторителот се избришани, а очигледно ниту тој ниту неговата сопруга не го сториле тоа“, посочил Шутај-Ешток, пренесуваат словачките медиуми.

Фицо (59) беше нападнат со огнено оружје додека се поздравуваше со приврзаниците по состанокот на Кабинетот во средата, на 15 мај, во поранешниот рударски град Хандлова.

Во меѓувреме е опериран и се наоѓа во болницата во Банска Бистрица. Официјалните лица рекоа дека тој и понатаму е во сериозна, но не е опасна по живот состојба и дека прогнозата е позитивна.

Слични содржини