Асанж сè уште нема да биде екстрадиран во Америка: Судот во Лондон одлучи дека основачот на „Викиликс“ има право на жалба

од Milan1
383 прегледи

Високиот суд во Лондон одлучи дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж има право на жалба во последната постапка против неговата екстрадиција во САД. Правниот тим на Асанж тврдеше дека судиите Викторија Шарп и Џереми Џонсон не треба да ги прифатат гаранциите на американските обвинители дека основачот на Викиликс може да се потпре на правата и заштитата од Првиот амандман на САД.

Американските власти го бараат Асанж поради обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето на илјадници доверливи документи и дипломатски тепеши од неговата организација во 2010 и 2011 година. Доколку биде осуден, тој ќе го помине остатокот од својот живот зад решетки.

Во март, судот ја одложи одлуката за екстрадиција бидејќи судиите бараа низа гаранции, вклучително и од САД дека нема да бараат смртна казна за 52-годишниот австралиски државјанин.

Асанж ги помина последните пет години во лондонскиот затвор Белмарш со висока безбедност, а речиси седум години претходно се криеше во амбасадата на Еквадор во англиската престолнина, обидувајќи се да избегне апсење. Тој тврди дека неговата екстрадиција е политички мотивирана.

Слични содржини