Најголем дел од граѓаните кои добиваат финансиска поддршка од државата во Германија се со странско потекло, а најбројни од нив се државјани на Украина. Во споредба со остатокот од Европа, тие добиваат најмногу пари во Германија, покажува анализата на „ДВ“, пренесува „Н1“.
Ова досега го тврдеа критичарите на имиграцијата, а сега во јавноста протече официјална статистика: мнозинството граѓани кои добиваат државна поддршка за граѓаните (т.н. Бургергелд) се од странско потекло. На федерално ниво, учеството на граѓаните со мигрантско потекло меѓу примателите на овој вид помош е 63,1 отсто. Во трите сојузни покраини уделот на странците меѓу примателите на помош е над 70 отсто, а предничи е сојузната покраина Хесен со 76,4 отсто, потоа Баден-Виртемберг со 74,1 отсто и Хамбург со 72,8 отсто.
Овие податоци потекнуваат од Сојузниот завод за вработување и беа објавени од сите поголеми медиуми за време на празничниот викенд во Германија. Истовремено, треба да се напомене дека властите ги третираат како лица со мигрантско потекло оние граѓани кои не се родени во Германија, но и оние чиј барем еден родител не е роден како германски државјанин. Граѓаните на ЕУ имаат право на државна помош само по пет години престој во Германија.