Норвешка официјално ја призна Палестина

од Milan1
307 прегледи

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стура денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава. Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП. „Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече Гар Стура, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.

Неколку земји од Европската унија во последните недели посочија дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во регионот. Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.

„Теророт беше извршен од Хамас и милитантни групи кои не се поддржувачи на решението за две држави и државата Израел“, изјави лидерот на норвешката влада.

Досега Палестина ја признаа 143 држави од 193 членки на Обединетите нации. Само осум од 27-те членки на ЕУ – Полска, Бугарија, Унгарија, Чешка, Романија, Словачка, Шведска и Кипар – ја поддржуваат Палестина како држава.

Слични содржини